Управата и стручниот штаб на Манчестер Јунајтед најверојатно нема да ја активира опцијата за продолжување на договорот со напаѓачот Единсон Кавани.
Според „Manchester Evening News“, главниот проблем за продолжување на договорот соработка со уругвајскиот фудбалер е што во Манчестер Јунајтед се сомневаат во врска со физичката форма на Уругваецот. Во Манчестер не се задоволни од фактот дека 34-годишниот фудбалер пропушти голем број на натпревари оваа сезона поради повреди на мускулот, вклучувајќи ги и последните средби во Премиер лигата и Лигата на Европа.
Кавани се пресели во Манчестер Јунајтед во октомври 2020 година, потпишувајќи договор 1+1. Оваа сезона, 34-годишниот напаѓач има 6 голови и 2 асистенции на 18 натпревари во Премиер лигата.

