Во натпреварот од 27-то коло на Шпанската лига Барселона како домаќин ја совлада Хуеска на стадионот „Камп Ноу“, а Лионел Меси постигна гол во 13. Минута, а овој гол беше 20-ти во сезоната на Аргентинецот.
Така, Меси стана единствениот играч во историјата на Примера кој постигнал 20 или повеќе голови во 13 последователни сезони.
Покрај тоа, средбата со Хуеска беше 767. официјален натпревар на Меси за Каталонците. Во однос на бројот на одиграни натпревари за Барселона, Меси сега се израмни со рекордерот на клубот – Чави. Меси има постигнато 660 голови и 262 асистенции на 767 настапи во сите натпреварувања во дресот на Барселона.

