Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид мора да биде претпазлив против незгодната Аталанта
    Фудбал

    Реал Мадрид мора да биде претпазлив против незгодната Аталанта

    risteBy riste16/03/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид е домаќин на Аталанта на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а средбата ќе се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“.

    Реал Мадрид го доби првиот натпревар во Италија со минимални 1:0, што е прилично добар резултат во ова натпреварување. Сепак, екипата од Бергамо не се откажува од изненадување и веќе покажаа дека се тежок противник кој нема лесно да се предаде. Нивната задача не е лесна, бидејќи ќе мора да бараат задолжителен успех, но во фудбалот видовме поголеми изненадувања.

    Реал Мадрид сè уште не може да го покаже целиот свој квалитет во своите настапи. Сепак, Реал во Лигата на шампионите е секогаш фаворит, без разлика со кого ќе се соочи. Шпанците знаат како да го освојат овој трофеј и секогаш се стремат кон освојување на истиот, па никој во клубот не ни помислува да испадне толку рано.

    Во исто време, Аталанта е многу добар тим кој практикува атрактивен и напаѓачки фудбал. Тимот од Берагмо нема што да загуби на овој натпревар. Очекувањата за нив не се големи и ова ќе им овозможи да играат без притисок и да го покажат најдоброто за што се способни.

    Реал играше доста успешно против италијанските ривали во последните неколку години. Реал Мадрид има 11 победи во последните 12 пресметки со екипи од Италија. Во исто време, сепак, Аталанта исто така има со што да се пофали. Тие ги добија последните 5 гостувања во Лигата на шампионите и сега ќе се надеваат дека ќе продолжат со својата добра серија на гостински терен.

    Зинедин Зидан денес нема да може да смета на повредениот Алваро Одриозола, Дани Карвахал, Марсело, Маријано Дијаз и казнетиот Каземиро. Во последен момент ќе се знае дали Еден Азар ќе влезе во комбинација.

    Џан Пјеро Гасперини има помалку проблеми со составот, но ќе го нема казнетиот Ремо Фројлер, кој доби црвен картон на првиот натпревар. Покрај тоа, повредени се Ханс Хатебур и Бошко Сутало.

    Веројатни состави:
    Реал Мадрид:
    Куртоа, Васкез, Варан, Рамос, Менди, Модриќ, Валверде, Крос, Асенсио, Бензема, Виничиус.
    Аталанта: Голини, Толој, Ромеро, Паломино, Маеле, Де Рун, Пашалиќ, Госенс, Малиновски, Муриел и Запата.

    Стадион: „Алфредо Ди Стефано“ во Мадрид
    Судија: Дани Макели (Холандија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.