Фудбалерите на Манчестер Сити со вчерашната победа против Борусија Менхенгладбах со 2:0 во реваншот во осмина-финалето во Лигата на шампионите, успеаја и на седмиот меч во серија да ја сочуваат недопрена нивната мрежа.
„Граѓаните“ со тој ефект се изедначија со седумкратниот европски првак Милан кој во 2005 година стигна до финалето во Истанбул и со екипата на Арсенал која во 2006-та исто така беше дел од завршниот меч за победничкиот пехар
Манчестер Сити во тековнава сезона во ЛШ прими само еден гол и тоа во воведното коло во фазата по групи кога погодија играчите на Порто.

