Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашната победа против Борусија Менхенгладбах во реваншот од осмина-финалето во Лигата на шампионите не ја пропушти шансата да ги пофали неговите избраници.
Англискиот состав со вкупни 4-0 лесно ги елиминираше Германците и го продолжи патот кон титулата во најсилната фудбалска конкуренција на Стариот континент.
„Покажавме добри перформанси. Го контролиравме натпреварот од почетокот до крајот. Имавме брилијантни моменти и постигнавме два гола. Во фудбалот сè може да се случи, но, ние игравме импресивно. Навистина сме среќни по победата – потенцираше шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити.
