Фудбалерите на Челзи и на Атлетико Мадрид ќе играат вечер од 21.00 часот на „Стемфорд Бриџ“ во реваншот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите. Првиот меч кој се одигра на неутрален терен во Букурешт, заврши со минимална победа на англичаните со единствениот гол на Оливие Жиру.
Токму тој гол им дава предност на лондончани, но, тоа не мора ништо да знaчи со оглед на искуството на Шпанците. Тренерот на гостите Диего Симеоне нема проблеми со казнети и повредени играчи додека неговиот колега од спротивната страна, Томас Тухел, ќе ги нема на располагање казнетите Жоржињо и Тами Абрахам како и повредените Мејсон Монт и Тијаго Силва.
Се предвидува дека за домаќинот ќе започнат. Менди, Аспиликуета, Кристенсен, Рудигер, Џејмс, Канте, Ковачиќ, Алонсо, Хадсон-Одоиу и Вернер. За Атлетико Мадрид се очекува на теренот да истрчаат : Клод, Лоди, Хименез, Савиќ, Трипиер, Кока, Караско, Саул, Љоренте, Феликс и Суарез. Мечот ќе биде одигран на стадионот „Стемфорд Бриџ“ а ќе го суди Италијанецот, Даниеле Орсато.

