Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, Баерн Минхен, денеска треба да стави печат на пласманот во 1 /4 финалето во елитната конкуренција на Европа.
Германците кои од 21.00 часот ќе го пречекаат Лацио со едната нога се меѓу најдобрите осум бидејќи на првиот меч во Рим славеа убедливо со 4:1. Тогаш Баерн ги искористи грешките во одбраната на „орлите“ и практично по само 90 минути си ја заврши работата. Со оглед на квалитетите на двата тима и предноста на Баварците, денешниот реванш на „Алијанц Арена“ во Минхен треба да има само формален карактер.
Според најавите, за Баерн Минхен треба да започнат: Нобел, Павар, Ботенг, Алаба, Дејвис, Горецка, Кимих, Сане, Милер, Гнабри и Левандовски. За Лацио се очекува да истрчаат од првата минута: Реина, Раду, Ачерби, Патрик, Леива, Лулиќ, Алберто, Милинковиќ-Савиќ, Марушиќ, Имобиле и Каиседо. Средбата ќе ја суди Иштван Ковач од Романија.

