Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Махмуд Дахуд, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.
Според „Дејли меил“, Манчестер Сити, Челзи, Тотенхем и Евертон го следат фудбалерот. Договорот на Махмуд со германскиот клуб истекува летото 2022 година и тој сè уште не се согласил за негово продолжување.
Дахуд потекнува од Борусија Менхенгладбах, а во истоимениот клуб се пресели во 2017 година, потпиша договор на пет години. Од минатата година, играчот кој потекнува од Сирија е повикан во германската репрезентација.
Оваа сезона, 25-годишниот играч за врска учествуваше на 12 натпревари од германската Бундес лига, на кои постигна 1 гол. Исто така играчот постигна 1 гол на 4 натпревари од Лигата на шампионите.

