Новоизбраниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има намера по секоја цена да го задржи напаѓачот Лионел Меси во клубот.
Според одредени информации објавени во Барселона, претседателот на каталонскиот клуб има намера да му понуди доживотен договор на 33-годишниот Аргентинец, кој ќе вклучува и соработка по завршувањето на кариерата на Меси. Лапорта може да му понуди договор на Меси со намалување на платата заради финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Доколку капитенот на Барселона се согласи да го продолжи договорот со помала плата, тогаш ова може да ги мотивира другите играчи на оваа екипа да се согласат на намалување на нивните плати.
Актуелниот договор на Меси со Барселона трае до летото 2021 година. За Лионел Меси веќе се борат ПСЖ и Манчестер Сити.

