Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, по пат на социјалните мрежи објави дека сака да биде дел од репрезентација на Шведска за новиот квалификациски циклус за Мундијалот во Катар.
„Сакам да ме повикаат во националниот тим. Не за моите достигнувања во минатото, туку за тоа што сега можам да го дадам на тимот. Јас не сум тоа што бев пред 5, 10, 15 или 20 години. Сега имам друг стил на игра“ – вели Ибрахимовиќ.
Корпулентниот напаѓач има 116 средби за „Викинзите“ и постигнато 62 гола. Швеѓаните ќе играат со Грузија (25 март), Косово (28 март) а ќе играат пријателски натпревар со Естонија (31 март).

