Денеска беа одредени двојките за 1 / 4 финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Манчестер Сити ќе игра со Борусија Дортмунд, Порто ќе оди на мегдан со Челзи, Баерн Минхен ќе ги одмери силите со ПСЖ додека Реал Мадрид ќе се сретне со Ливерпул. Првите средби ќе бидат на 6/7 април а реваншите седум денови подоцна.
УЕФА веднаш ги одреди и двојките за 1 /2 финалето на 24/25 април (први дуели) и 4/5 мај (реванши). Победникот од пресметката Баерн Минхен- ПСЖ ќе игра со подобриот од двомечот Манчестер Сити- Борусија додека тимот што ќе слави по дуелите Реал Мадрид-Ливерпул ќе се сретне со вкупниот победник по пресметките меѓу Порто и Челзи.
Големото финале во Лигата на шампионите е закажано за 29 мај на стадионот – „Ататурк“ во Истанбул.

