Составот на Динамо Загреб за кој настапуваат нашите репрезентативци, Адеми и Ристовски, ќе се сретне со Вилјареал во 1 /4 финалето во Лигата на Европа.Така сакаше денешната ждрепка во Нион.
Во другите мечеви ќе играат : Гранада-Манчестер Јунајтеде, Арсенал-Славија Прага и Ајакс-Рома. Воведните средби ќе бидат на 8 април а реваншите седум денови потоа. Првите дуели од полу-финалето се закажани за 29 април а реваншите за 6 мај. Во нив подобриот од мечот Гранада-Јунајтед ќе игра со победникот од пресметката Ајакс-Рома. Второто 1 /2 финале ќе го сочинуваат победниците од пресметките Арсена-Славија Прага и Динамо Загреб-Вилјареал.
Завршниот меч за пехарот во Лигата на Европа ќе биде одигран на 26 мај на Арената во Гдањск во Полска.

