Хрватскиот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите.
На реваншот од 1/8 финалето против Аталанта, Хрватот му асистираше на францускиот напаѓач Карим Бензема. Модриќ ја заврши средбата со 94% точност на додавањата.
За оваа награда конкурираа и играчите од средниот ред Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Нголо Канте (Челзи) и Џошуа Кимих (Баерн).
Да потсетиме дека во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Реал Мадрид ја победи Аталанта на стадинот „Алфредо Ди Стефано“, а головите беа дело на Карим Бензема, Серхио Рамос и Марко Асенсио, додека Муриел го постигна единствениот гол за Италијанците.

