Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Во ПСЖ веруваат дека може да му се одмаздат на Баерн Минхен
    Фудбал

    Во ПСЖ веруваат дека може да му се одмаздат на Баерн Минхен

    risteBy riste19/03/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во таборот на ПСЖ дадоа свое мислење за ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите, која реши да се повтори ланското финале, кога Парижаните загубија од Баерн Минхен.

    Ждребката сакаше ПСЖ да игра против актуелниот шампион Баерн Минхен, а во ПСЖ не се многу среќни поради тоа.

    „Среќни сме што стигнавме до оваа фаза од натпреварувањето. Ние сме меѓу осумте најдобри тимови во Европа кои започнаа да се борат меѓусебно. Лигата на шампионите е многу тешко да се освои. Мора да играме против најдобрите и ќе се соочиме со актуелниот шампион. Секако, ждрепката е тешка, но има изненадувања. Ќе играме против најдобриот тим на континентот во моментов. Ние сме оптимисти и нашиот тим ќе биде конкурентен. Ја елиминиравме Барселона, а сега сме фокусирани на Баерн, има само една цел: да се пласираме во полуфиналето“, изјави Маурисио Покетино за клупската веб-страница.

    „Клубовите се познаваат меѓу себе и има многу почит меѓу нас. Ние исто така знаеме колку бевме близу до трофејот во Лигата на шампионите минатата сезона и со нетрпение очекуваме уште еден одличен двомеч со Баерн. Јас сум навистина сигурен дека нашиот тим ќе биде решен да даде се од себе за еден од најголемите натпревари во Лигата на шампионите“, додаде претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.