Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе го пропушти натпреварот од 28. коло на шпанскиот шампионат против Селта Виго, објави „Марка“.
Според изворот, стручниот штаб на мадридскиот тим одлучил да не го ризикува здравјето на Рамос, кој се повреди на реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите со Аталанта (3:1). Шпанскиот дефанзивец можеше да учествува само во првиот дел од тренингот на Реал Мадрид кој бил одржан вчера.
Натпреварот од 28. коло на шпанската лига меѓу Селта и Реал Мадрид се игра денес од 16.15 часот во Виго. Реал Мадрид досега има освоено 57 поени на 27 натпревари и е трет на табелата , додека Селта со 34 поени е на 10-то место.

