Германскиот селектор Јоаким Лев веќе почнал да учи шпански јазик, затоа што се знае дека по завршувањето на Европското првенство ова лето, ќе го напушти кормилото на германската репрезентација и ќе почне клупска работа.
Според германските медиуми, селекторот кој со Германија стана светски шампион во 2014 година, по 15 години реши да почне со клупска работа, а шпекулациите го носат на кормилото на Реал (М), како замена за Зиндин Зидан.
Сепак, дел од медиумите се скептични по ова прашање, па се споменуваат и Барселона, Валенсија и Атлетико (М) како негова можна следна дестинација.

