Поранешниот менаџер на Ливерпул и Њукасл, Рафаел Бенитез размислува да се врати во Премиер лигата и изјави дека ќе одлучи за својата иднина врз основа на проект што му го презентирата елитните клубови во Англија.
Шпанецот го водеше Ливерпул од 2004 до 2010 година, двапати стигна до финалето во Лигата на шампионите и победи во најсилното европско клупско натпреварување во 2005 година.
Тој исто така го водеше и Њукасл четири години меѓу 2016 и 2019 година, пред да се пресели во Кина за да го преземе кормилото од Далиен Про, кој го напушти во јануари.
„Приоритет е Англија затоа што ми се допаѓа Премиер лигата и моето семејство е тука. Но, јас сакам да се натпреварувам и очекувам соодветен проект”, изјави Бенитез за британските медиуми.

