Играчот за врска на италијански Јувентус, Арон Ремзи, може да го напуштиторинскиот клуб за време на летниот преоден рок.
Ливерпул и Вест Хем се споменуваат како најзаинтересирани за фудбалерот, чиј договор истекува во 2023 година, но Јуве ќе сака да ја прекине соработката со него предвреме.
Велшанецот веќе играше во англиската Премиер лига, носејќи го дресот на Арсенал од 2008 до 2019 година. Јувентус, пак, сака да го вклучи Ремзи во зделка за евентуално доведување на Моис Кин од Евертон.
Оваа сезона, 30-годишниот играч за врска одигра 18 натпревари во Серија А, постигна 2 гола и направи 4 асистенции.

