Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба го намали кругот на екипи во кои би сакал да ја продолжи кариерата по крајот на сезоната.
Според „Скај Германија“, 28-годишниот Австриец решил да игра во Шпанија, т.е. алтернативите се само Барселона и Реал Мадрид.
ПСЖ исто така беше заинтересиран за Алаба, како и повеќето од водечките клубови во Англија. Самиот играч минатиот месец официјално ја објави својата одлука да ја напушти „Алијанц Арената“ по 13 години минати во Баерн.
Според „Скај Германија“, одлуката за тоа каде ќе ја продолжи кариерата ќе биде донесена во април или мај. Изворот потсетува дека неговиот агент Захави е во многу добри односи со новиот претседател на Барселона Жоан Лапорта. Имаше информации дека дури и Алаба веќе имал прелиминарен договор со Каталонците, но тие биле демантирани од Захави.

