Рома ќе направи сериозни промени на голманската позиција по крајот на сезоната. Од „Вoлчицата“ планираат да ги продадат Пау Лопез, Антонио Миранте и Даниел Фусато, а Робин Олсен, кој моментално е на позајмица во Евертон, исто така не е во плановите на тренерот Пауло Фонсека.
Постојат неколку имиња кои се можни засилувања на голот на Рома. Изборот број 1 е Хуан Мусо од Удинезе, а другите опции се Алекс Мерет од Наполи и Пјерлуиџи Голини од Аталанта. На списокот е и Марко Силвестри од Верона.
Мусо има одлична сезона, но неговата цена може да биде превисока за Рома. Голини и Мерет не се стартери во нивните сегашни клубови, а на Силвестери се гледа како на резервна позиција во случај никој од другите три да не заврши на „Олимпико“.

