Нашите најдобри фудбалери денеска против домаќинот Романија ќе го отворат новиот циклус квалификации за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Селекторот Ангеловски за денешниот дуел остана без повредените Адеми, Тричковски и Велковски додека Костадинов и Зајков се позитивни на Ковид 19. Се претпоставува дека за домаќинот ќе започнат: Нику, Могош, Кирикеш, Бурча, Камора, Марин, Станчу, Ман, Хаџи, Михаила и Пушкаш.
За Македонија треба да истрчаат од првата минута: Димитриевски, Бејтулаи, Муслиу, Ристевски, Барди, Алиоски, Ристовски, Николов, Елмас, Несторовски и Пандев. Средбата во Букурешт ќе започне во 20.45 часот. Во нашата група денеска ќе играат Германија-Исланд и Лихтенштајн-Ерменија.

