Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала најверојатно ќе го напушти тимот во летниот преоден рок.
Според „Кориере дело Спорт“, управата на клубот од Торино, претставена од потпретседателот Павел Недвед, одлучила да го продаде 27-годишниот фудбалер. Пауло ќе биде ставен на трансфер листа во летниот преоден рок.
Дибала ги брани боите на Јувентус од 2015 година, а претходно играше за Палермо и во Аргентина. Оваа сезона напаѓачот учествуваше на 11 натпревари од италијанската Серија А (на 8 беше во почетниот состав), на кои постигна 2 гола и даде 2 асистенции. „Бјанконерите“ со 55 бода по 27 кола се наоѓаат на третото место на табелата во првенството.
Претходно беше објавено дека Барселона и Јувентус подготвуваат размена на напаѓачот Антоан Гризман за Дибала.

