Македонската фудбалска репрезентација и покрај поразот од Романија со 3:2 на стартот од квалификаците за Светското првенство во Катар ќе добие премија.
Пред натпреварот, претседателот Муамед Сејдини ги информирал фудбалерите дека им следува премија во случај да победат или ремизираат.
Ако забалежаа победа, нашите фудбалери ќе добиеја 80.000 евра, а во случај на реми 40.000 евра. Сепак, по завршувањето на натпреварот, претседателот Сејдини одлучил да им исплати на фудбалерите премија за реми (40.000 евра), како награда за трудот, борбата и задржување на позитивната атмосфера пред натпреварот против Лихтентајн.
Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе се одигра в недела од 20:45 часот. Потоа, во вторник следи лет за Германија каде ќе гостуваат на домашната селекција во Дуизбург.

