Дефанзивецот на Борусија Дортмунд Дан-Аксел Загаду нема да игра неколку месеци поради повреда на коленото за која е потребна нова операција, објави германскиот фудбалски клуб.
„Тој нема да биде достапен до крајот на сезоната“, објавија од „Сигнал Идуна Парк“.
Дортмунд додаде дека Загаду ја заработил повредата за време на тренинг и дека операцијата веќе била извршена. 21-годишникот едвај се врати по третманот по болка во бутот што го извади од терените неколку недели. Тој исто така пропушти неколку натпревари на почетокот на сезоната.

