Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, очекува полн погодок на утрешниот меч со Лихтенштајн во рамките на 2 коло во квалификациите за Светското првенство во Катар.
„Ние ќе бидеме фаворити, Таква улога сме имале и претходно и треба да ја потврдиме. Можеме да победиме. Лихтенштајн има подмладен состав во однос на 2018. Сега се ќе зависи од нашата игра, добро ги анализиравме“ – потенцираше Ангеловски пред утрешниот меч од 20.45 часот на Арената во Скопје.
Во претходните 9 средби со Лихтенштајн имаме постигнато 33 голови а примено 5. Против нив ја имаме рекордната победа 11-1.

