Видеолотарија Касинос Аустриа склучи тригодишен договор за соработка со Фудбалската федерација на Македонија.
-Договорот е привилегија која овозможува да застанеме покрај македонскиот национален тим во неговото историско деби на големите фудбалски првенства. Фудбалерите се драгоцени амбасадори на Македонија, преку своите индивидуални и преку репрезентативните настапи и затоа заслужуваат најдобар можен третман и услови за тренирање и функционирање на највисоко ниво. Затоа Видеолотарија Касинос Аустриа ќе биде верен помагач на фудбалската репрезентација “ – стои во дел од информацијата испратена до медиумите.

– Силно веруваме дека Европското првенство, кое ќе се одржи ова лето, ќе биде само воведно поглавје од успешната приказна на фудбалерите, која допрва ќе кулминира. Вредностите како што се желбата да се доминира, напорната работа, тимските заложби и издржливоста, претставуваат суштинско значење за спортот и совршено се совпаѓаат со вредностите на нашата компанијата“ – се потенцира во објавата на Видеолотарија Касинос Аустриа

