Играчот за врска на шпански Бетис, Набил Фекир, идната сеозн аби можел да заигра во Премиер лигата. Според информација на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, 27-годишниот играч е интересен за Арсенал.
Претставниците на „топчиите“ веќе контактираале со агентот на Французинот, а се распрашувале и за неговата цена кај екипата на Бетис.
Оваа сезона на 25 натпревари во Ла Лига, Фекир постигна 3 гола и реализираше 5 асистенции. За него заинтересиран беше и Ливерпул.

