Македонската фудбалска репрезентација денеска (20.45 ч.) на Националната арена во Скопје ќе го одигра и вториот меч од квалификациите за СП 2022. По поразот на гости од Романија со 3:2, избраниците на Игор Ангеловски како големи фаворити го дочекуваат тимот на Лихтенштајн.
Дарко Велковски нема да игра ниту на овој меч, откако го пропушти и стартниот квалификациски меч против Романцит. Ангеловски најверојатно ќе му даде мала минутажа и на рековалесцентот Адеми, а можно е да добијат поштеда и Пандев и уште неколкумина од првиот тим.
Лихтенштајн во Скопје исто така допатува со проблеми. Гостите се без повредениот напаѓач Денис Салановиќ, како и искусниот дефанзивен играч за врска Мартин Бухел, кој не е доволно физички подготвен, а играчот за врска на Асколи, Марсел Бухел, побарал да остане во својот клуб и да не се приклучи на репрезентацијата за овој циклус.

