Продолжува дискусијата за крајот на натпреварот помеѓу Србија и Португалија (2:2), по ударот на Кристијано Роналдо кога топката ја помина гол-линијата, но не беше признат погодокот.
Во центарот на вниманието е ѕвездата на Јувентус и Португалија , Кристијано Роналдо кој во бес ја фрли капитенската лента на земја. Сепак, Роналдо е критикуван не само на социјалните мрежи.
Поранешниот репрезентативец на Португалија, Фернандо Меира, го опиша овој потег како „неприфатлив“. „Очигледно дека тоа е гол, но Кристијано не може да ја фрли лентата на тој начин“, изјави тој за „Рекорд“.
„Реакцијата на Роналдо на неправдата е нормална, но не и за капитенот на репрезентацијата. Ова е уште понеприфатливо за играч на негово ниво“ додаде Меира. Се ова се случи зато ашро во светските квалификации нема ВАР или технологија за гол-линии. Подоцна стана јасно дека судијата ја видел својата грешка и му се извинил на Португалецот.

