Тренерот на Аталанта, Жан Пјер Гасперини е оптимист во врска со иднината на клубот кој успеа да се етаблира како еден од лидерите во фудбалска Италија и во последните сезони учествуваше во битката за титулата.
„Во иднина гледам уште посилна Аталанта. Две години во Лигата на шампионите ни помогнаа да се развиваме технички и психички. Покрај тоа, клубот се развива економски”- прокоментира Гасперини.
„Нашата желба е повторно да се пласираме во Лигата на шампионите иако не се откажуваме од битката за титулата“ – вели Гасперини.

