Лондонски Челзи и Порто ќе се натпреваруваат за влез во полуфиналето од Лигата на шампионите во Шпанија, соопшти прес-службата на португалскиот клуб на „Твитер“.
Двете четвртфиналиња помеѓу Челзи и Порто ќе се одиграат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља, каде Севиља ги игра своите домашни натпревари. Првиот натпревар, во кој Порто ќе биде официјален домаќин, ќе се одигра на 7 април. Реваншот ќе се одигра на 13 април повторно во Севиља.
Одложувањето на натпреварите од Англија и Португалија е поврзано со ограничување на воздушниот сообраќај меѓу земјите поради пандемијата на коронавирусот. Во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, Челзи победи на два натпревари против Атлетико Мадрид (1:0, 2:0). Порто сензационално го елиминираше Јувентус (2:1, 2:3 ЕТ).

