Навивачите на Барселона го прогласија Диего Армандо Марадона, како најдобар фудбалер што настапил во дресот на Каталонците гледано низ историјата.
Веднаш до Аргентинецот е неговиот сонародник, Лео Меси, кој е сопственик на неколку рекорди. Потоа се наредени: Роналдињо, Јохан Кројф, Андрес Иниеста, Чави, Луис Суарез, Роналдо, Жерард Пике и Карлес Пујол.
На листата што ја направија фановите ги нема Нејмар, Ривалдо и сегашниот тренер, Роналд Куман.

