Шефовите на Фудбалската асоцијација на Англија преговараат со УЕФА да им се дозволи најмалку 45.000 гледачи на Вембли за време на натпреварите на ЕП 2020 .
Ако состојбата со пандемијата започне да се смирува, тогаш бројката може да се искачи на 60 000. Англија е подготвена да организира повеќе натпревари од шампионатот.
Сите федерации имаат рок до 7 април да објават колку гледачи ќе можат да бидат присутни на трибините. Потоа УЕФА ќе одлучи дали ќе има одредени промени од организациски аспект.

