Фудбалските репрезентативци на Полска, Грегор Кришовјак и Камил Пјатковски, имаат позитивни тестови на Ковид-19 и нема да се појават на денешната пресметка со Англија во 3 коло од квалификациите за место на Мундијалот во Катар.
Веста за заразените фудбалери е потврдена и од страна на Полската репрезентација која треба да добие допонителни инструкции од УЕФА.
Полјаците за денешниот дуел ќе бидат и без првата ѕвезда, Роберт Левандовски а ќе ги немаат и Матеуз Клик и Лукас Скорупски.

