Аргентинскиот фудбалски голгетер во редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, на крајот на сезоната ќе си замине од –„Етихад“, потврдуваат денеска дел од медиумите.
Според нив, францускиот ПСЖ на инсистирање на тренерот, Маурицио Почетино, ќе направи голем напор да го обезбеди потписот 32-годишниот голгетер кој е најдобар стрелец во историјата на „граѓаните“.
Тој на 384 средби успеа да забележи 257 голови. Според најавите, за Агуеро се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Барселона, Челзи и Интер.

