Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милан му предложил 35 милиони евра на Донарума, неговите менаџери се на потег
    Фудбал

    Милан му предложил 35 милиони евра на Донарума, неговите менаџери се на потег

    risteBy riste31/03/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Останува неизвесноста за иднината на Џанлуиџи Донарума во Милан. Договорот на 22-годишниот голман истекува на крајот на сезоната, а тој сè уште не го продолжил.

    Според италијанските медиуми, клубот му понудил 5-годишен договор со годишна плата од 7 милиони евра плус уште 1 милион евра за секој пласман во Лигата на шампионите. Сепак, оваа понуда се разликува од барањата на агентот на играчот – Мино Рајола. Тој се залага за договор не повеќе од две години со плата од 12 милиони евра по сезона, што раководството го смета за претерано. Донарума и Рајола чекаат да видат дали „росонерите“ ќе се пласираат во Лигата на шампионите пред да одлучат за иднината на голманот.

    Во меѓувреме, ситуацијата околу новите договори на Златан Ибрахимовиќ и Хакан Чалханулу изгледа охрабрувачка. 39-годишниот напаѓач се согласи да потпише уште една сезона со сегашната плата од 7 милиони евра и се очекува тоа да се случи наскоро. Разликите меѓу понудата на директорите на клубот и желбата на турскиот плејмејкер драстично се намалија. Според „СпортМедиасет“, двете страни можат да се договорат за 4-годишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.