македонската фудбалска „икона“ , Горан Пандев, кој стана највозрасниот фудбалер што постигнал погодок против Германија во квалификациите за Мундијалот, се огласи на социјалните мрежи.
-Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. храбрите ги прати среќата. со борба, верба и срце на терен оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект – напиша Пандев.
Пандев кој вчера го постигна 37-от гол за репрезентацијата, доби честитки и од неговиот клуб, Џенова.

