Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, му даде подарок на тренерот, Зинедин Зидан, кој вчера со победата против Еибар прослави јубилеј на клупата на „кралевите“. За францускиот стратег тоа беше 250-от натпревар.
„Живеам за фудбалот и секој ден што го поминувам како тренер на Реал Мадрид. Не сакам јубилеи, бидејќи не живеам во минатото туку во сегашноста“ – вели Зидан.
Најмногу натпревари на клупата на„белите“ има легендарниот Мигел Муњоз (605).

