Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Џудо федерацијата со помош за клубовите
    Домашен микс

    Џудо федерацијата со помош за клубовите

    sasoBy saso05/04/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Џудо федерацијата на Македонија обезбеди и втора финансиска помош за клубовите, со цел да им помогне да го надминат овој кризен период во кој коронавирусот има огромно влијание врз овој спорт.

    Дополнително, Џудо федерацијата одлучи да ги ослободи клубовите од плаќање на годишната котизација, како уште една мерка за поддршка на македонските џудо клубови. Ова беа двете најзначајни одлуки кои беа донесени на редовната седница на Извршниот одбор која во саботата, 3 април, под посебни протоколи за заштита од ширење на пандемијата се оддржа во големата сала на општина Прилеп.

    Покрај овие две точки, на седницата на извршниот одбор се дискутираше и за влијанието на короната и за можниот почеток на сезоната во следниот период. На седницата активно учество зедоа и селекторите и претседателите на комисиите, кои најпрво се осврнаа кон се она што го сработија во изминатите неколку месеци, а потоа дадоа и свои видувања за предизвиците со кои што ќе се соочуваат во следниот период како резултат од негативните последици од корона вирусот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.