Ветеранот во редовите на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, изненадувачки може да добие нов договор, објавија медиумите во Англија.
32 годишен фудбалер во тековнава сезона одигра само 12 натпревари во сите конкуренции од кои седум се во англиската Премиер лига. „Дејли Стар“ пишува дека Солскјер инсистирал за оостанување на Мата бидејќи тој е клучната фигура во соблекувалната и влијае врз другите фудбалери.
Претходно имаше информации дека Мата може да се врати во татковината бидејќи неколку шпaнски екипи се заинтересирани за неговите услуги.

