Реал Мадрид денеска од 21.00 часот ќе го пречека Ливерпул во можеби највозбудливиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.
Реал Мадрид е најуспешниот клуб во историјата на натпреварувањето со вкупно 13 титули. „Белите“ триумфираа во 4 од последните 7 изданија на Лигата на шампионите.Реал и Ливерпул се сретнале 6 пати. Покрај успехот во финалето во 2018 година, Мадрид двапати победи во групната фаза во сезоната 2014/15. Ливерпул оствари две победи во 2009 година и со 1: 0 во финалето во 1981 година.
РЕАЛ МАДРИД (3-5-2): Куртоа; Н. Фернандез, Варан, Менди; Васкез, Модриќ, Касемиро, Крос, Марсело; Бензема, Асенсио. ЛИВЕРПУЛ (4-3-3): Алисон; Александар-Арнолд, Филипс, Кабак, Робертсон, Тиаго, Фабињо, Вајналдум; Салах, Жота, Мане. СУДИЈА: Ф. Брих (Германија)

