Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Јунајтед можеби ќе му понуди рекорден договор на Пол Погба
    Фудбал

    Манчестер Јунајтед можеби ќе му понуди рекорден договор на Пол Погба

    risteBy riste08/04/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Се чини дека Манчестер Јунајтед дава се од себе да го задржи играчот за врска Пол Погба во своите редови. Раководството на клубот е подготвено да му понуди рекорден договор на Французинот за да го убедат да потпише повторно, тврди „Мирор“.

    Актуелниот договор на 28-годишникот е до јуни 2022 година. Во оваа фаза, преговорите за негово обновување запреа и ова сериозно ги загрижува челниците на „Олд Трафорд“. Затоа сега во Манчестер Јунајтед се меѓу две опции. Првата е сериозно да ја сфатат понудата за Погба, во надеж дека ќе го убедат да потпише повторно. Втората опција е да се започне со преговори во текот на летото. Клубот не ја разгледува опцијата за ослободување на Французинот како слободен агент следното лето.

    Пред Манчестер Јунајтед има уште неколку опции бидејќи неколку екипи имаат интерес за Погба. Името на Французинот најчесто се поврзува со Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ. Доколку се постигне опција за продажба на играчот од средниот ред, од „Олд Трафорд“ ќе се обидат да земат што повеќе пари за него, тврдејќи дека нема да го ослободат за помалку од 100 милиони евра.

    Погба сериозно ги подобри своите перформанси оваа сезона со „црвените ѓаволи“. Досега има 5 гола и 4 асистенции на 31 натпревар во сите натпреварувања. Сепак, го прогонуваа и повредите, кои на моменти му правеа проблем во одржувањето на формата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.