Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Челзи се вклучува во битката за потписот на Никола Миленковиќ
    Фудбал

    Челзи се вклучува во битката за потписот на Никола Миленковиќ

    risteBy riste08/04/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Челзи е уште еден клуб кој се приклучи во трката за потписот на Никола Миленковиќ од Фиорентина. 23-годишниот Србин е еден од најбараните играчи за претстојниот преоден рок. Досега, неговото име најчесто се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но другите тимови внимателно ја следат ситуацијата околу него, а еден од нив е Челзи, пренесува „Тутомеркато“.

    Меѓутоа, неодамна, интересот на Манчестер Јунајтед и Ливерпул  малку се олади по неколку неубедливи настапи на Миленковиќ со репрезентацијата на Србија. Сепак, ова не им пречи на газдите на „Стемфорд Бриџ“, за кои привлекувањето нов централен дефанзивец станува една од главните цели за летото, а Миленковиќ е едно од првите алтернативи на нивниот список.

    Договорот на Миленковиќ истекува за 15 месеци, а во оваа фаза категорично одбива да потпише повторно со Фиорентина. Ова практично значи дека ќе биде ставен на трансфер пазарот во текот на летото, а битката за неговиот потпис ќе биде доста интересна. Од почетокот на сезоната, Миленковиќ е солиден стартер на Фиорентина, со 27 натпревари и 3 погодоци. Тој е исто така клучен играч во српската репрезентација, минатата недела го забележа својот 28-ми натпревар за својата земја.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.