Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јувентус може да загуби 80 милиони евра доколку не игра во ЛШ
    Фудбал

    Јувентус може да загуби 80 милиони евра доколку не игра во ЛШ

    risteBy riste08/04/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Јувентус може да изгуби 80 милиони евра доколку не успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, пренесува „Кориере дело Спорт“.

    Ова е приближно до приходот на „Старата дама“ од последните учества на тимот во најкомерцијалното натпреварување во Европа. Затоа, ако екипата не игра таму во следната сезона, тоа ќе биде голем удар за клубот и ќе направи огромна дупка во неговиот буџет. Од враќањето во Лигата на шампионите во 2012 година, Јувентус заработи околу 650 милиони од учеството на турнирот. Дури и во последните две сезони, кои не беа многу успешни, бидејќи тимот беше елиминиран во 1/8 финалето, приходите од Лигата на шампионите беа околу 75-80 милиони евра. Доколку не се квалификува во Лигата на шампионите, тоа значи дека Јувентус ќе мора да се задоволи со учеството во Лигата на Европа. Меѓутоа, таму парите за учесниците се далеку поскромни.

    Победникот на второто по квалитет натпреварување на УЕФА добива 25 милиони евра. Во оваа фаза, Јувентус сè уште е во битка за најдобрите 4 во Серија А. Синоќа тимот направи важен чекор, совладувајќи го својот директен ривал Наполи со 2:1 во одложен натпревар, со што се проби на 3-тата позиција на табелата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.