Весникот – „АС“, тврди дека Реал Мадрид е фаворит за привлекување на фудбалерот Ерлинг Халанд од Борусија (Дортмунд) иако неговиот агент Мино Раиола и неговиот татко Алф-Инге Холанд, имаа серија преговори со Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челзи.
Шпанското издание тврди дека во моментов има три главни причини зошто „белите“ се чекор пред другите. Првата е дека Норвежанецот е фан на Реал од мали нозе. Втората причина е што претседателот Флорентино Перез има прилично добри односи со шефовите на Борусија.
Под број три е ставена улогата на менаџерот, Мино Раиола, кој сака да изгради цврсти врски со управата на шпанскиот состав за да може и во иднина да им продава играчи на „белите“.

