Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Давиде Калабрија, се очекува да биде подготвен за игра за околу десетина дена, тврди денеска весникот – „Тутоспорт“.
24-годишниот стопер мораше да оди на операција откако заработи повреда на менискусот на десното колено. Според информациите, неговата рехабилитација се одвива според планот што значи дека набрзо ќе се врати на терените.
Капитенот пак, на „росонерите“, Алесио Ромањоли, кој се повреди на 7 март на мечот со Верона, исто така набрзо треба да се врати во натпреварувачки ритам, пишуваат медиумите на Апенините.

