Во Сараево денеска беше официјализирана регионалната лига во бокс со учество на осум клубови од Македонија, Србија, Хрватска, Бих, Црна Гора и Словенија.
Македонија ќе ја претставува БК Вардар, нашиот тим е во група со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора) Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи. Во групата „Б“ ќе бидат: Црвена Ѕвезда, Марибор, Хрватски Витези и Радник. Претседателот на БФМ, Примислав Димовски, изјави дека е ова голем проект, со огромно значење за регионот и особено македонскиот бокс.

„Јас сум голем оптимист околу целиот проект. Мислам дека ќе успееме, имаме соработка која претходно не постоеше меѓу претседателите на Боксерските федерации од поранешните Екс-Ју републики. Боксот порано имаше успеси, ние сме мала држава и се надеваме дека ќе биде добро, не знам дали ќе се појави нов Аце Русевски или Реџеп Реџеповски, очекуваме позитивен ефект“ – изјави Примислав Димовски.

