Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, М-р Даниел Димевски и Директорот на Спортско Радио 90,3 ФМ, Тони Митев, денеска во просториите на МОК и официјално го потпишаа договорот за соработка.
Тоа се случува токму во годината кога МОК е максимално насочен кон нашите олимписки кандидати и претстојните Игри воТокио.

За тековни активности на највисокото спортско тело во земјава ќе можете да се информирате во специјализираните емисии на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

