Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Јувентус ќе му понуди на ПСЖ размена на Дибала за Икарди
    Фудбал

    Јувентус ќе му понуди на ПСЖ размена на Дибала за Икарди

    risteBy riste09/04/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Италијанскиот гигант Јувентус контактираше со ПСЖ за да разговараат за потенцијална размена на играчи. Станува збор за Аргентинците Пауло Дибала и Мауро Икарди, пишува „Фудбал Италија“.

    Истиот извор тврди дека од Јувентус планираат наскоро да се сретнат со сопругата и личниот агент на поранешниот напаѓач на Интер Икарди – Ванда Нара.

    Мауро Икарди беше поврзуван со трансфер во Јувентус како играч на Интер, но заврши во Париз. Иднината на Дибала во Јувентус не е многу јасна, а неговиот договор со клубот истекува на 30 јуни 2022 година.

    Јувентус најверојатно ќе се обиде да го продаде Дибала ова лето доколку не потпише нов договор со клубот, бидејќи во спротивно ризикуваат да го загубат без никакво обештетување по крајот на следната сезона.

    Оваа недела Дибала погоди за победа од 2:1 против Наполи, но Аргентинецот пропушти премногу натпревари на својата екипа оваа сезона поради различни здравствени причини. Од почетокот на сезоната, Дибала има само 4 гола на 17 натпревари во сите натпеварувања. Икарди не е особено импресивен со своите настапи за ПСЖ оваа сезона, откако забележа само 19 натпревари и 7 гола во сите натпреварувања.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.