Поранешниот играч за врска на Барселона, Андрес Иниеста, кој сега игра за јапонски Висел Кобе, ги сподели своите очекувања за вечерашното Ел Класико.
„Верувам дека тројца играчи ќе играат клучна улога на натпреварот против Реал Мадрид. Првиот е Серхио Бускетс, кој за мене е главниот играч на средината на теренот. Вториот е Жорди Алба, кој дефинитивно ќе влијае на текот на играта и таа улога ја игра многу години. Третиот, е секако Лео Меси. Тој е играчот кој ги одлучува исходите на натпреварите. Сигурен сум дека тој ќе го стори истото и на претстојното дерби“, рече Иниеста.

